Во бело за успешен старт: Еве кои познати македонски личности испратија првачиња во школо
Први септември е за почеток на новата учебна година
И годинава првиот училишен ден, понеделник е радосен, стресен, возбудлив, со насмевки но и со солзи радосници за многумина.
За првачињата овој ден е еден од најубавите во животот и почеток кој означува дека почнуваат да чекорат кон светот на едукацијата, но и на дружбата. Тие во училишните клупи ќе запознаат многу нови другарчиња, можеби некои од нив ќе се пријателства за цел живот. Но овој почеток е и многу емотивен пред се‘ за родителите, кои со радост и возбуда го чекаа првиот училиштен ден на нивните деца,но и со доза на помешани чувства, оти нивното малечко пораснало за да оди на училиште.
А еве за кои деца на познатите заѕвони првото школско училиште денес.
Пејачката Тамара Тодевска на првиот училишен ден го испрати синот Дарен.
Во друштво на Хана, нејзиниот партнер Лука но и мајка ѝ Бранка и татко ѝ Велко, го испратија Дарен на училиште. Но и Хана денес почнува трето одделение.
„Среќно деца мои“, напиша пејачката покрај објавата.
Првата среќа на познатиот водител и маркетинг директор Димитар Атанасовки и неговата сопруга, пејачката и харфистка Сара Мејс исто така денес за прв пат седна во училишните клупи. Илина со насмевка на лицето и бело фустанче го започна првиот училишен ден. А Мама Сара покрај фотографиијата која ја направила за да го овековечи моментот напиша: „Среќен почеток љубовке моја“.
Душан, синот на министерот за спорт и поранешен ракометар Борко Ристовски и неговата сопруга, Николина исто така за прв пат денес го слушна училишното ѕвонче. Нина на фотката од Душан, на која има и торта со Хари Потер напиша: „Душан е ПРВАЧЕ. Гордост моја најмила. Да си среќен, да си ми жив здрав и умен, сега заедно ќе растеме низ твоите училишни денови. Лавче мое мало“.
И министерот за внатрешни работи, Панче Тошовски се пофали дека неговата ќерка Илина денес тргнува во прво одделение. „Првиот училиштен ден е посебен за секое семејство, па така денеска нашата мала принцеза Илина го прави својот прв чекор во светот на образованието. Со многу радост и емоции ја испративме на ова нејзино патување. Секој момент од ова значајно животно поглавје да ѝ биде исполнет со радости, нови пријателства и нови знаења“.
Интересно е тоа што, јавните личности своите најмили за нивниот прв училишен ден ги облекле во бело. А белата боја се поврзува со светлината, добрината, невиноста, чистотата, таа претставува и успешен почеток. Па дали поради ова познатите се одлучиле да ги дотерат своите првачиња во бела боја или тоа е сосема случајно е и небитно. Среќен почеток првачиња, но и среќен почеток и успешна училишна година и на сите останати дечиња - ученичиња.
Фото: Инстаграм / Фејсбук
Р.Ж.М.