Во брак беа 80 години и починаа истиот ден: На 100 години

Хуберт и Џун беа во брак долги осум децении, а на 100 години го напуштија овој свет и заедно заминаа во вечноста.

Хуберт и Џун, сопружници кои поминале низ сите фази од животот заедно, останале неразделни дури и во смртта. Нивните животи биле исполнети со љубов, а двајцата починале на 100-годишна возраст, со разлика од само неколку часа.

Нивната љубовна приказна започнала во 1941 година кога за прв пат се запознале на 19-годишна возраст. Тие брзо се заљубиле, а Хуберт ја запросил Џун, барајќи од неа да го поминат остатокот од животот заедно. Имаа три деца, а подоцна добија седум внуци и 11 правнуци.

Како дел од прославата на стогодишнината, парот даде интервју во кое се потсетија на својата љубов. „Кога ја видов за прв пат, знаев дека таа е таа“, се сеќава Хуберт.

Тие двајца беа неразделни. По долг и исполнет заеднички живот, сопружниците починале со разлика од околу 20 часа, додека биле во иста болница.

Нивниот син Сем (76) забележал дека здравјето на неговата мајка се влошило откако таа организирала семејна прослава на Денот на благодарноста. Потоа била примена во болница за нега, а Хуберт бил уништен од тоа.

„Беше многу тажен и се чувствуваше беспомошно. Срцето ми се скрши“, рекол Сем за својот татко.

Во реалноста, глетката во таква критична состојба беше премногу за Хуберт и како резултат на тоа, неговото здравје брзо се влоши. Нивното семејство договорило Хуберт да биде сместен во болницата каде што била хоспитализирана Џун, а медицинскиот персонал не можел да одолее на нивната љубов па ги сместил заедно во иста просторија.

„Заминаа заедно“

Лежејќи во несвест, држејќи се за рака, сопружниците беа рамо до рамо додека Хуберт, стогодишниот сопруг, не издиша. Само 20 часа подоцна, неговата сопруга Џун почина.

Тие заминаа заедно“, рекол нивниот син Сем.

Иако тажен поради загубата на двајцата родители во исто време, Сем одлучува да ја прослави нивната неверојатна врска.

„Чувствувам тага, но не треба. Кој би очекувал таков живот. Моите родители поминаа долг и среќен живот заедно и беа посветени на своето семејство“, призна Сем.

Само неколку месеци пред нивната смрт, Хуберт се наврати на нивната речиси осумдецениска љубовна приказна и призна дека не поминале низ животот без предизвици.


Извор: Нов живот