Во ек на осуди и потсмев-тие вљубени до уши! Пике прв пат сподели фотка со љубовницата
Додека поранешниот фудбалер Жерар Пике и студентката Клара Чиа Марти се соочуваат со негативни коментари од целиот свет, тој реши гордо да ја покаже девојката поради која повеќе не е со Шакира.
Жерар Пике, поранешен репрезентативец на Барселона и Шпанија, е еден од најозборуваните мажи во светот во последните денови.
Причината е новата песна на колумбиската музичка ѕвезда Шакира БЗРП Music Sessions #53, во која таа пее за нивното раскинување по 12 години љубов и две деца, прељубата на Пике, лошите односи што ги има со мајка му...
Таа истакна дека вреди колку две 22-годишни жени (колку години имала Клара кога почнала нејзината афера со Пике), ја нарече тинг, а себеси Ферари, потоа Касио, а себеси Ролекс, итн.И додека цела планета зуи за Пике и неговата поранешна љубовница, а сега девојка Клара Чиа Марта, спортистот реши гордо да ја покаже на жената за која остави сѐ.
Фудбалерот објави селфи на Инстаграм, на кое позира со Клара, на кое седат еден до друг и се смешкаат. Пике не напиша никаков наслов, а фотографијата за осум часа собра речиси 2,5 милиони лајкови, а неговите пријатели и следбеници го опсипуваат со комплименти.
Инаку, на парот не им беше лесно од објавувањето на песната на Шакира, бидејќи на секој чекор наидуваат на осуда во јавноста. Како што претходно објавија шпанските медиуми, Клара веќе не може ниту да излезе на улица бидејќи луѓето фрлаат по неа и ѝ го пеат хитот на Шакира.
A whole stadium singing Shakira's new song in the face of Piqué, her power is truly unmatched pic.twitter.com/reYra2hI6q
— Shakira's Pet | SHAK X BZRP (@sippinmycorona) January 24, 2023
Самиот Пике не може да се одбрани од текстот за неговата прељуба, па пред неколку вечери седна на трибините на кошаркарски натпревар додека песната на Шакира свиреше на разглас, а публиката му пееше.