Моден фокус // Трендови
Во јавност без Хари: Меган Маркл опуштена во елегантен црн фустан
Меган Маркл едвај се воздржа, а да не се насмее кога дојде ред за традиционалниот маорски поздрав со триење на носовите на отворањето на изложбата „Океанија" во Кралската академија на уметностите. Тоа беше нејзиното прво јавно појавување без принцот Хари и другите членови на кралското семејство.
Свесна за вниманието од јавноста, својот стил го довери на веќе проверени парчиња облека и чанта потпишана од страна на модната куќа „Живанши“ и високи потпетици „Aquazzura Deneuve“, кои веќе ги носи неколку пати.
Секако, неизбежните споредби со Кејт Мидлтон, истакнуваат дека Кејт можноста за прв соло настап ја доби половина година по свадбата, за разлика од војвотката од Сасекс, на која и беа потребни само четири месеци.