Во јули доаѓа приновата: Откриен полот на бебето на Петар Грашо и Хана Хуљиќ
Хана Хуљиќ и
Петар Грашо го чекаат своето прво дете, неодамно парот својата љубов ја круниса со брак, а сега се дозна и полот на нивното неродено бебе.
Хана и Петар се венчаа на 19 февруари во Сплит, а церемонијата беше организирана само за најблиските пријатели и за членовите на потесните членови на семејството.
- Среќен сум што венчавката помина во прекрасна атмосфера и што беше интимна вечера со луѓето кои се со нас цел живот, некои од нив се со нас и повеќе од 30 години, и ни значат многу. Бевме околу 50-тина луѓе на свадбата. Им благодарам и на медиумите, некогаш реагиравме како ријалити фамилија, а ние тоа не сме – изјави на денот на веселбата Тончи Хуљиќ.
Петар и 14 години помладата Хана го чекаат своето прво дете, а нивната љубов ја заинтригира целиот регион. Особено затоа што пред неа, Грашо беше во љубовна врска 24 години со пејачката Данијела Мартиновиќ. Причината за нивната разделба никогаш јавно не се дозна, а среќата со Хана пејачот не ја крие од јавноста.
Инаку, парот во јули ќе добие девојче, а Петар и Хана оваа информација ја откриле за време на свадбата, а пред тоа не сакале да зборуваат за полот на бебето, пренесува RTL Exklusiv.
Родителите на Хана во една прилика откриле дека Хана многу време има симпатии кон Петар Грашо.
Фото насловна: Youtube - printscreen
Извор: svet-scandal
„Боженствена е“: Досега невидени фотки од подготовките на Хана Хуљиќ за венчавката