Во која боја треба да ја обоиш косата оваа година според хороскопскиот знак?
Дали е време за посета на твојот стилист за коса или веќе гордо ја носиш оваа боја?
Сакаш ли да ја промениш бојата на коса, но не знаеш која боја да ја одбереш? Остави хороскопот да одлучи наместо тебе. Погледни која боја на коса ти ја препорачуваат ѕвездите за оваа година.
Доаѓањето на пролетта е вистинско време за да го обновиш својот изглед, да ја освежиш својата коса со нова фризура, а можеби и со нова боја. Некогаш е тешко да се одлучи во која боја да ја обоиш косата - дали е подобро да се игра на сигурно со некоја нијанса слична на твојата природна боја или пак да испробаш нешто сосема поинаку? Наместо да се мислиш и премислуваш, погледни што ти предлага хороскопот.
# Овен: сино - зелена нијанса
Овенот е знак кој има храброст да износи вакво нешто, па зошто едноставно не се одлучиш и не го направиш токму ова.
# Бик: виолетова
Одржувањето на лудите и поинакви бои на коса не е нешто едноставно. Брзо бледеат и треба да се негуваат со посебен шампон, често да се фарбаат, но и да се одбере што подобри бои за косата. На некој друг знак би му била навистина претешко ова, но не и на Бикот.
# Близнаци: платинесто руса
Ова е боја која која е малку поприродна и секогаш популарна помеѓу девојките. Близнаците се познати по тоа дека брзо и непромислено носат одлуки, па можеби некогаш е подобро да се држат до сигурните избори.
# Рак: топли прамени
Раковите се искрени, полни со разбирање и емотивни луѓе кои сакаат да се чувствуваат удобно во животот. Бојата на коса која по ова е идеална за нив не е некоја голема и луда промена, туку предлог за овој знак својата коса да ја освежи со прамени.
# Лав: розева
Полн со енергија, вечен оптимист и забавувач - Лавот, секогаш е во центарот на вниманието, делумично со неговото однесување, но некогаш и поради изгледот. За Лавовите да бидат сигурни дека сите ќе ги забележат, совршена боја за коса за нив е розевата.
# Девица: црвеникаво - кафена
Девиците едноставно не сакаат да трошат часови кај фризерот за да добијат некоја неверојатна боја на косата. Со задоволство ќе одберат нешто едноставно и остатокот од време ќе го поминат со пријателите. Бојата која совршено ја претставува драгата и топла личност која ја имаат Девиците е кафената со црвени нијанси.
# Вага: сина во две нијанси
На вагата секогаш и треба баланс и хармонија, се треба да биде убаво сложено, но и да изгледа добро. Наместо една боја на коса, може оваа година да пробате да износите две нијанси на истата боја, но не некои „обични“, туку сината!
# Шкорпија: карамел - кафена
Уште еден знак кој оваа година може да испроба неколку различни нијанси на косата е Шкорпијата. За карактерот на овој знак често се зборува дека се состои од неколку различни совети, а зошто да не го испроба истото и на косата? Комбинацијата на кафени нијанси, од посветли до потемни, ќе изгледа ефектно и интересно.
# Стрелец: кафена
Токму поради авантуристичкиот дух на Стрелците, тие немаат многу време за бојадисување на косата и да се внимаваат дали истата треба да се поправи. Затоа за нив идеална боја е кафената.
# Јарец: руса со топли нијанси
Овој знак не е за преголем ризик и со задоволство се држи до традиционалните бои за коса, а најдобра боја за него која може да ја испроба оваа година е русата. Оваа година стани русокоса и уживај во малку поинаквата боја.
# Водолија: портокалова
Овој знак не сака никако другите да го сметаат за здодевна личност, а тоа оваа година може да се покаже и со бојата. Портокаловата е вистинскиот избор за Водолијата.
# Риби: црна
За да ја избалансираат бојата на коса и својот карактер, за Рибите совршена боја е црната. Тие се добри и драги, а црната делува сосема спротивно од тоа - вистински баланс. Рибите не се плашат од ништо, а со оглед на ваквата темна нијанса е помалку застрашувачка, нема секој храброст да ја износи.