Во колку земји без виза може да ве однесе македонскиот пасош?

Македонскиот пасош оваа година е на 41. место според тоа колку е моќен. 

Со македонскиот пасош без визи може да се патува во 125 земји во светот.

Од регионот, подобро рангиран е српскиот пасош, со кој може да се патува во 130 земји, и  пасошите на Хрватска и Словенија. 

Со хрватскиот слободно е патувањето во 169 земји, а со словенечкиот во 180.

Според рангирањето што го прави Henley Passport Indeks, Јапонија го има најмоќниот пасош на светот.

Јапонците  можат  да патуваат без виза дури во 189 држави.