Во корона ситуација класните раководители имаат најголемо влијае врз учениците: Интервју со психолог Ива Стојановска - Јакимовски

Изминатиот период во образованието имаше неколку бурни настани. Првиот проблем со кој најмногу се соочија средните училишта беше т.н. „Јавна соба“, кога во јавноста се појави група во која беа објавувани експлицитни фотографии од тинејџерки. А, вториот, кој се прошири на светско ниво е пандемијата коронавирус, поради која во многу држави ширум светот се прогласи вонредна состајба и сите училишта се распуштија, со тоа што класичната настава ја продолжија онлајн.

За овие две теми, но и за работата како психолог во едно средно училиште за Хаштаг зборуваше психологот на СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“ Ива Стојановска Јакимовски. 

# Работите како психолог во СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“. Како е да се работи со тинејџери?

СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, е едно од поголемите училишта во Скопје, моментално имаме околу 1600 ученка во сите 4 години. Ова го кажувам со цел да добиете претстава колку динамично може да биде во училиште во кое има толку голем број на тинејџери, секој со свои посебни потреби, емоции, секој со свои посебни барања и амбиции. Во адолецентниот период кога секој од нив го гради својот идентитет, истражува и се осознава себеси морам да кажам дека работата на психологот е доста предизвикувачка. Нема да кажам дека  е тешка, но ќе кажам дека е доста одговорна и динамична. 

# Кој е најпроблематичниот случај кој сте го имале со некој ученик или група ученици?

Има многу сложени и помалку сложени ситации во кои се наоѓаат учениците. Најчести се семејните проблеми за жал, но и врсничките интеракции (караници, навреди, булинг меѓу учениците) во овој период. Не можам да одовојам еден единствен случај како најпроблематичен, затоа што сметам дека секој посебно си носи своја тежина, на која се работи и со учениците, а кога е потребно се вклучуваат и родителите.


Цело интервју на Хаштаг.мк