ВО МАКЕДОНИЈА ПОТВРДЕН ЧЕТВРТИ СЛУЧАЈ НА ДЕЛТА СОЈОТ: Заразените не се вакцинирани
Во Македонија по трите случани на заразени со делта варијантата, потврден е и четвртиот, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, по посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство. Вели дека станува збор за пациент кој е хоспитализиран во болницата во Велес и пациентот е со лесна клиничка слика. Истовремено, вели министерот, се чекаат резултати за уште четири пациенти.
-Тие се лекуваат тука во Скопје, само еден од четворицата има потешка клиничка форма и е на респраторна машина. Се прави скрининг на тестовите и секаде каде што скринингот нема да покаже дека станува збор за британската варијанта, се прави секвенционирање за да се потврди евентуално индискиот сој и резултатите ќе треба да ги имаме вечерва за овие четири пациенти, рече Филипче.