Моден фокус // Трендови
Во нив нозете изгледаат повитки и подолги: Панталони кои се апсолутен пролетен хит (ФОТО)
Пролетта нема да може да помине без овој модел на панталони. Ако сакате да ги следите трендовите, тогаш мора да набавите панталони со висок струк. Тие, велат модните експерти, ќе бидат високо рангирани на модната листа.
Плитки фармерки целосно заминаа во заборав, а овие со длабок струк сега истапуваат на сцената. Не е ни чудо што тие станаа популарни толку брзо, со оглед на тоа што и ласкаат на секоја фигура и ги прават нозете и струкот да изгледаат визуелно потенки.
Може да се носат во комбинација со рамни, но и чевли со потпетици, и во двата случаи ќе изгледате феноменално.
Препораките на модните експерти е да носите пократки маици или кошули.
Дали ви се допаѓа овој стил и дали можеби веќе го имате овој модел во плакарот?
Фото: Пинтрест