Во осмата деценија стана заштитно лице за естетска клиника: Мајката на Дејан Милиќевиќ изгледа нереално за своите години - ова е рецептот за нејзиниот младешки изглед

Добивај вести на Viber

Професионалниот фотограф Дејан Милиќевиќ не се појавува често во јавноста, а неговата медиумска илегала започна пред три години, кога реши да направи операција на желудникот и од 143 килограми достигна идеална тежина.

За неговиот успех најзаслужна е неговата мајка Сунчица Милиќевиќ, која и во најтешките ситуации му беше ветер во грб.

‒ Мајка ми, дупли Лав во хороскопот, изгледа совршено во осмата деценија. Таа оди на јога три пати неделно, а ни најлошото невреме не може да ја спречи. Да не зборуваме дека се грижи за секој залак, готви здрави комбинации од зеленчук и месо. Со години се обидуваше да ме натера да ги променам животните навики, но залудно. Мислам дека не помина ниту еден ден да не ме потсети дека изгледам лошо, дека морам да ослабам затоа што почнав да личам на „мишелин“ фигурата – призна Дејан Милиќевиќ за „Здраво“, која ја дал веднаш по излегувањето од болница.

Таа ја откри тајната на нејзината младост

Кога влезе во осмата деценија, Сунчица Милиќевиќ стана заштитно лице на естетска клиника, а во интервјуто кое го даде ја откри тајната на младоста.

Според неа, освен исхраната и физичката активност, пресудно е и квалитетниот сон, пиењето најмалку два литра вода дневно, миењето со ладна вода и изборот на соодветна крема за лице.

Г-ѓа Милиќевиќ работниот век го помина како економист, последните десет години е во пензија, а искуството ја научи да го прифати животот со сите негови маани и доблести.

‒ Овој момент е токму тоа, момент. И потоа е готово. Човекот треба да разликува она што е важно, за што треба да се грижи, од она што е периферно. Затоа, насмевка на лицето и гледајте позитивно, пренесува „Хелоу“.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs