Во петата деценија изгледа како да има 30: Овој план на исхрана е заслужен за совршената линија на Софија Вергара
Актерката со години
строго ги следи овие 2 правила
Актерката има 48 години, а на нејзиниот изглед и завидуваат девојки двојно помлади од неа. Со децении важи за најзгодната жена на светот, а ако се прашувавте како успева да го стори тоа, го имаме одговорот.
Иако генетиката исто така има свој удел, факт е дека го должи својот младешки изглед и затегнато и витко тело на докажан рецепт. Софија е некој што сака да ужива во слатки, и е гурман, но добро знае како да се врати на вистинскиот пат кога ќе претера и кога ќе качи неколку килограми.
Како што и самата признава, постојат периоди кога малку се дебелее, но тогаш таа секогаш строго се придржува до овие 2 правила и за кратко време ја враќа витката линија.
1. Комбинира вежби за сила и кардио
Кога станува збор за кардио, таа обично користи јаже или вози велосипед, а кога станува збор за вежби за сила, прави склекови, тренинг со тегови и слично.
2. Колумбиска диета
Основно правило е дека овој вид диета има 5 оброци на ден, а е направена така што маснотиите се губат од насочените делови, без да се губат облините.
План за исхрана:
Појадок: смуди од свежо овошје и зеленчук без маснотии.
Ужина: суво овошје или млечен пијалак.
Ручек: тестенини или ориз со сос без маснотии.
Ужина: свежо овошје или овесна каша со чаша свежо исцеден сок.
Вечера: главно се состои од протеини од месо или риба со јаглени хидрати со низок гликемиски индекс, како што се зелената салата.
Покрај тоа, Софија внесува многу течности, бидејќи водата придонесува за намалување на масните наслаги.
Фото: Инстаграм/Софија Вергара
Можеби ќе ве интересира: