Во пукнтовите во Скопје повеќе од 7000 вакцини за лица над 75 години: Се чека старт на масовна вакцинација со АстраЗенека

Добивај вести на Viber

Се очекува утре да почне масовната вакцинација на граѓаните над 75 години со вакцините кои викендов пристигнаа во Скопје од британско-шведскиот производител. Според извори на Фактор, дел од 24.000 вакцини на АстраЗенека веќе се дистибуирани во неколку вакцинални пунктови на Здравствен Дом-Скопје, а тоа е направено според бројот на пријавени лица. Предвид се земаат само оние над 75 години.

-Во поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и во поликлиниката „Чаир“, каде се врши имунизација во две смени веќе има одреден број дози од АстраЗенека. Така на пример, во „Букурешт“ има меѓу 3.700 и 3.800 вакцини, во „Јане Сандански“ меѓу 2.800 до 3.000, и во поликлиниката „Чаир“ околу 1000 дози од вакцините кои стигнаа во неделата. Ова е според бројот на пријавени граѓани кои имаат 75 години и повеќе, што значи дека во Чаир има најмала заинтересираност. Во секој случај ние во моментов располагаме со над 7.000 дози и целосно сме подготвени за почеток на масовната вакцинација, велат извори за Фактор од Здравствен Дом-Скопје.

Оттаму информираат и дека станува збор за 10-дозни вијали, односно од едно шишенце ќе бидат вакцинирани по 10 граѓани.

Читајте детали на Фактор , тука.