,

ВО СКОПЈЕ ДОАЃААТ НАЈДОБРИТЕ МАРКЕТИНГ ГОВОРНИЦИ: Влезниците по Early Bird цена се достапни само уште пет дена

Добивај вести на Viber

По седми пат во Скопје ќе се соберат најдобрите маркетинг говорници за да ги споделат најновите трендови и предвидувања во дигиталните комуникации. На сцената на AllWeb, конференцијата за дигитални комуникации, покрај веќе најавените ќе застанат и Роџер Едвардс, домаќинот на популарниот подкаст Маркетинг и финансии, Недим Шабич- експерт за оптимизација на Интернет пребарувачи и Горјан Јовановски, од Booking.com.

Централната тема на конференцијата е дигитална трансформација, но организаторите најавуваат презентации и дискусии и за иднината на (социјалните) медиуми и за други актуелни теми од светот на маркетингот и онлајн комуникацијата. 

„По успешното трето издание на AllWeb во Тирана, Албанија, среќни сме да најавиме уште тројца говорници на годинешната конференција во Скопје, што ќе се одржи на 16 ноември“- вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb. „Веруваме дека секој од нив, со презентација во своето поле на интерес и експертиза, ќе придонесе програмата да биде уште поквалитетна и поинтересна за посетителите“- додава тој. 

Влезниците за конференцијата се веќе во продажба преку allweb.mk.  Поради големиот интерес, рокот за купување на Early Bird влезниците, кои се со 50 евра пониска цена од регуларните, е продолжен за дополнителни пет дена и истекува на 19 октомври. 

Организаторите досега го потврдија учеството на Мет Десмајер- директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle, Драган Варагиќ- консултант за дигитална трансформација и автор на книгата Дигитален Пре-маркетинг и Владимир Тошиќ- менаџер за дигитални комуникации во The Coca-Cola Company за југоисточна Европа. Но, нема да застанат тука. Во наредниот период ќе бидат објавени имињата и на останатите говорници. 

Сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно се дополнуваат на allweb.mk.