Водам љубов со мојот вереник, а мислам на други мажи: Колкумина од вас се пронаоѓаат во оваа изјава?
На почетокот не бев премногу загрижена за тоа – сите уживаат во фантазијата – но многу почнав да ги гледам другите момци и ме загрижува фактот дека мојот партнер не е доволен – се пожалила девојката.
Читател на Мирор откри дека момчето не ја возбудува сексуално, како и дека мисли за други мажи во кревет и се грижи дека може да го уништи сето она кое го имаат.
- Со вереникот сум четири години и планираме да купиме куќа заедно и да се венчаме следната година. Сепак, се сомневам во тоа бидејќи постојано фантазирам за секс со други мажи, дури и кога водам љубов со мојот вереник. На почетокот не бев премногу загрижена за тоа – сите уживаат во фантазијата – но многу ги гледам другите момци и почнувам да се грижам дека мојот партнер не е доволен – се пожали таа и додаде:
- Другите момци со кои сум била во минатото беа подоминантни во креветот, додека мојот сегашен вереник е прилично пасивен и нежен, па можеби ми недостасува страст. Односот ми е важен и не сакам да бидам со некој што е досаден или не ме возбудува. Но, ако ја тргнеме интимноста на страна, врската е одлична. Загрижена сум дека можам да направам проблем поради тоа, бидејќи не сакам да го вознемирувам. Што предлагате – праша Колен Нолан.
А потоа следеа одговорите:
Не се сомневај. Подобро е да го решите сега или ќе се соочите со скап и стресен развод. Зошто да не ја ставите венчавката на чекање и да се одделите еден од друг за некое време да се договорите што сакате и што ви недостига?
Почетната сексуална возбуда што ја добивате кога првпат се заљубувате се намалува со текот на времето и морате да ја негувате физичката и романтичната страна на нештата, што бара одреден напор. Ова е точно во секоја врска, но зборувањето за секс не мора да биде конфликт или обвинување – истакнува тој.
Да му кажеш што те пали во креветот всушност може да биде навистина се*си и тоа е начин да се пристапи. Видете, тој не чита мисли и ако не сте му кажале што сакате во кревет, тој ќе претпостави дека сте среќни и задоволни. Бидете внимателни врската не е шега. Потребна е хемија и тој недефиниран „Х фактор“ што создава искра. Да, фантазијата е добра и здрава, но исто така мора да се чувствувате удобно со реалноста или врската на нема да трае. Со среќа!