„Водевме љубов 15 минути, би го оценила со 7,5“: Босанка детално ја опиша страсната ноќ што ја имала со Дејвид Бекам

Добивај вести на Viber

За Дејвид Бекам често се пишуваше дека ја изневерува сопругата Викорија, а она што една Босанка го изнесе во јавноста за малку ќе го унишеше неговиот брак

Легендарниот британски фудбалер Дејвид Бекам (47) и модната дизајнерка Викторија (48) годинава ќе прослават 24 години брак.

Во текот на брачниот живот ги следеле скандали и љубовни афери кои и двајцата често ги прикривале, а на љубовта секогаш ѝ давале втора шанса.

Иако се голема поддршка еден на друг во животот и се посветени родители, нивниот брак за малку ќе се распаднеше пред 16 години.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)


Имено, уште во 2007-мата година, проститутката со босанско потекло Ирма Ничи обелодени афера со Бекам. Пред нешто повеќе од десет години таа за магазинот „In Touch“ раскажа како била интимна со Бекам.

- Водевме љубов 15 минути. На скала од еден до десет, како љубовник би му дала оценка од 7,5 - изјави тогаш Ирма.

Сепак, Бекам остро ги негираше нејзините наводи и поднесе тужба против споменатиот магазин, а до судот достави детална изјава од пет страници.

Според неговото објаснување, тој резервирал масажа во својата хотелска соба веднаш по слетувањето во Њујорк, како што тоа обично правел пред важен натпревар.

- Како што ми е обичај кога пристигнувам во хотел пред натпревар, масажарот дојде во мојата хотелска соба неколку часа откако се пријавив за да ми направи масажа. Се сеќавам дека терапевтот не ја напушти мојата хотелска соба до раните утрински часови. Моето обезбедување беше со мене пред, за време и по масажата. Откако терапевтот си замина, отидов да спијам. Ги разгледав изјавите подготвени од мојата безбедносна служба кои ги потврдуваат моите сеќавања - објасни тогаш Бекам.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)


Наводно, на Ники и на уште една девојка им платил 6.000 долари за тројка, што тој повторно негираше.

- Не носам илјадници долари во кеш кога патувам. Единствениот начин на кој би можел да добијам 10.000 долари во готовина е да ги добијам од мојот менаџерски тим. Не барав ниту еден член од мојот менаџерски тим да ми обезбеди илјадници долари во готовина кога бев во Њујорк во август 2007-мата година - јасен беше поранешниот капитен на Англија.

Поради овие клевети, Бекан побара од „In Touch“ отштета од 25 милиони долари, но на крајот го загуби судскиот спор. Магазинот подоцна објави дека тврдењата се лажни, но се бранеше дека Ирма има право на слободен говор според американскиот устав.

Извор: stil.kurir.rs