Водителката неколку месеци по породувањето изгледа одлично: Сања Кужет со семејството ужива во луксузно одморалиште

Добивај вести на Viber

Познатата српска водителка Сања Кужет (41) се породи летово и на свет го донесе својот трет син, Вук.

Сања сега ги спакувала куферите и со семејството ја напуштила Србија. Имено, тие отпатувале за Турција, од каде водителката се огласи и сподели фотографии.

Го покажа луксузниот хотел во кој престојуваат, го фотографираше базенот во кој секојдневно уживаат, а потоа позираше без трошка шминка и на тој начин го покажа своето вистинско лице.

Сања прво позираше во фустан на плажа со длабоко деколте, а потоа позираше во костим за капење и сите и велат дека изгледа одлично неколку месеци по породувањето.

Партнерот не се експонира во јавноста

Потсетуваме дека водителката не го експонира во медиумите својот партнер Немања Живојиновиќ, моментално маркетинг директор на автосалон, а на прашањето дали го крие од јавноста и зошто не се појави минатата година во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, одговори таа:

- Не, долго време сме заедно. Се движиме и излегуваме нормално, нема зошто некој некого да крие. Само не мислам дека тој припаѓа овде. Тоа е моето работно место и тој навистина никогаш нема дојдено на мојата работа. Тоа не е ни дел од неговата професија, но кога ќе не видат заедно на некои настани, немам проблем ако не фотографираат – вели таа.

Фото: Инстаграм
Извор: Pink.rs