ВОДИТЕЛКАТА ЛИЛА СТОЈАНОВСКА ВО ШОК ПО ВЧЕРАШНИОТ ГРАБЕЖ: Ми земаа драг накит, пари и два лаптопи
Популарната Тв водителка Лила Стојановска вчера беше ограбена, откако крадци влегле во нејзиниот стан во скопската населба Чаир, објави „1 ТВ“. За Женски магазин, Лила изјави дека по грабежот, останала без драги парчиња накит, одредена сума на пари и два лаптопи. Крадците влегле во станот додека таа и нејзиниот син Филип не биле дома, а најважно за Лила е што и двајцата се живи и здрави.
Непријатно е чувството да влезеш во сопствениот стан и да го најдеш растурен. Шокирана сум и разочарана, но битно е да сме ние живи и здрави, се друго се купува со пари, ни изјави Лила.
„Повеќето од украдените работи, поточно накитот, за мене се со сентиментална вредност. Обожавам накит и често го купувам и го добивам на подарок. Украдени ми се часовници, мои и на син ми Филип, одредена сума на пари и два лаптопи. Непријатно е чувството да влезеш во сопствениот стан и да го најден растурен. Шокирана сум и разочарана, но битно е да сме ние живи и здрави, се друго се купува со пари“, ни изјави Лила.
„Никој не е безбеден и секој може да е мета. И покрај мерките на претпазливост, сепак успеале да влезат и да го земат тоа што го сакале“, порача Лила.
Вчера, службите на МВР вршеа увид на местото на штетата. Повеќе детали за сега не се познати.
(М.Џ.)