ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Селин Дион покажа како изгледа напад на болеста - лежи беспомошна, лекари околу неа!

Добивај вести на Viber

Во документарниот филм „Јас сум: Селин Дион“, познатата пејачка покажува како изгледа нападот на синдромот на вкочанета личност, автоимуно невролошко нарушување кое го има таа

Документарецот „Јас сум: Селин Дион“ ја виде светлината на денот. 

Го прикажува животот на познатата пејачка Селин Дион, што постигнала во кариерата, но и како се бори со синдромот на вкочанета личност. Ретко автоимуно невролошко нарушување кое предизвикува мускулна вкочанетост и неконтролирани грчеви. Селин постојано зборуваше за својата борба за здравје, а сега во документарниот филм покажува како изгледаат нападите кои ги доживува.

„Многу ми е тешко да го слушам ова и да ви покажам. Не сакам луѓето да го слушнат“, признала пејачката.

Нападот што таа го покажува во докуметарецот трае неколку минути. Селин лежи беспомошна додека лекарите ги проверуваат нејзините витални знаци. Се обидуваат да ја стават во удобна положба, а кога се‘ е готово, пејачката рече:

„Секогаш кога ќе се случи нешто вакво, се чувствувате толку засрамено и, не знам како да го кажам тоа, едноставно... Знаете, кога не можете да го контролирате сопственото тело“.

Предупредуваме дека сцените може да бидат вознемирувачки за некои читатели:


Критичарот на списанието „Тајм“, Рич Јузвијак ја пофали Селин Дион за нејзината отвореност, особено за сцената каде што таа се бори да пее „I Want To Know What Love Is“.

„Никој не сака да зборува за тоа што значи кога ќе завршат вашите најдобри години од животот, но болеста ја натера Дион да размислува за тоа“, рече тој.


Фото и Видео: Youtube