Вработените од „Аџибадем Систина“ донираа 50 пакети храна и медицински материјали за жителите на Дебар

Добивај вести на Viber

Вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ донираа 50 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена наменети за најранливите групи на жители од општините Дебар и Центар Жупа. Во овие две општини околу 25.000 жители се целосно затворени во карантин, откако е прогласена кризна состојба.

Медицинскиот персонал е познат по својата несебична хуманост, па со својата донација уште еднаш покажаа дека хуманоста е нивна силна страна, а Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија во континуитет дава придонес за општествениот развој и поквалитетен живот за сите.

Дополнително донација беше наменета и за медицинскиот персонал во двете погодени општини. Беа донирани над 1600 парчиња медицински материјал (мантили за изолација, хируршки капи, ракавици, каљачи, антибактериски гелови) кои ќе бидат наменети за матичните лекари од Дебар.