ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Вратете ја заљубеноста како на почетокот на врската

По почетниот ентузијазам во врската, настапува мал пад на љубовта и страста, обично како мала емоционална дремка. За прв пат ние почнуваме да забележуваме некои маани на нашиот партнер, кои не сме ни виделе во почетокот.

Поради незадоволство и монотоност, ние честопати мислиме дека нашите чувства кон него полека исчезнуваат, но психолозите велат дека нешто друго навистина се случува.

Човечкиот мозок може одеднаш да се фокусира на мал број на нешта. Ако некој е преокупиран со нешто, ја губиме свеста за сè друго. Со други зборови, ако се фокусираме исклучиво на негативните карактеристики или навики на партнерите, ќе заборавиме на сите позитивни што нè натераа да се заљубиме во него.

На почетокот на врската ние сме маѓепсани со квалитетите и позитивните карактеристики на партнерот, бидејќи ние сме фокусирани исклучиво на нив. Затоа, во моментот кога забораваме зошто се вљубивме, треба да се потсетиме на сите  позитивни и убави причини за кои сме со тој човек.

Еве малку помош:

1. Изберете тивок агол каде што ќе седите и земете хартија и пенкало. Затворете ги очите и замислете го вашиот партнер на почетокот на врската, во моментот кога почнавте да го сакате. Потоа запишете на хартија како се чувствувавте во тие моменти.

2. Потоа започнете со креирање на листата. Половина минута секој ден пред спиење да напишете три квалитети со кои ве привлекол вашиот партнер. Секое утро по будењето, прочитајте го она што го напишавте.

3. Повторувајте го ова, 30 дена по ред.

Она за што размислувате повеќе ќе заземе простор во вашиот ум. Кога намерно ќе одлучите да се фокусирате на позитивните карактеристики на вашиот партнер, тие ќе станат прво нешто што ќе ви падне на ум кога ќе помислите на него, бидејќи тие се „поактивни" во умот. Во тој момент, ќе почнат да се менуваат и вашите чувства кон вашиот партнер, и повторно ќе почувствувате емоции како почетокот на врската.