Вратот ги открива годините: Како да го задржиме младешкиот изглед?

Добивај вести на Viber

Како да се спречи сензуалниот врат да се претвори во „turkey neck“?

Додека ние редовно правиме детални рутини за нега на кожата на лицето, деликатната зона само неколку сантиметри пониско е неправедно запоставена. A, треба да обрнеме дополнително внимание на кожата на вратот, бидејќи токму таму се забележува стареење, отколку на лицето. Поради недостаток на себум, областа на вратот е обично посува, а поради потенката кожа е многу подложна на негативните влијанија на околината, и порано се забележуваат брчки и опуштање на кожата.

Ослабувањето на мускулите на вратот и сврзното ткиво доведува до т.н. врат од мисирка „turkey neck“, збрчкана кожа на брадата, a денешен начин на живот, кога секој ден со часови гледаме во екраните подгрбавени, резултира со „технолошки врат“ што дополнително ја влошува релаксацијата на кожата на вратот.

Постепено губење на колаген се случува во втората половина на дваесеттите години, а овој процес се забрзува во менопаузата и доведува до губење на цврстината и еластичноста на кожата. Што можеме да сториме за да ја задржиме кожата на вратот младешка што е можно подолго, без да вклучиме „одење под нож“?

За почеток, дерматолозите, козметолозите, но и познатите sвезди кои многу се грижат за својот изглед се согласуваат за една работа: негата на лицето не завршува со брадата, туку треба да се прошири до деколтето! Кожата на вратот и деколтето е исклучително тенка и бара иста љубов и внимание како и кожата на лицето, ако не и поголема. Затоа, потребно е редовно да се хидрира, да се користат креми за зацврстување на кожата и да се примени заштитен фактор. Физичката активност е исто така многу важна, а минимумот што треба да го направиме е да го истегнеме вратот и рамената неколку пати на ден.

Најдобро време за масажа е навечер: нанесете 2 лажички масло за нега на лице и масирајте го деколтето со кружни движења на прстите, потоа на рамената и мускулите на вратот, потоа брадата и вилицата со врвовите на прстите сè до образите.

Забелешка: движењата секогаш мора да одат нагоре.


Со напредокот на медицината и појавата на бројни козметички процедури како што се полнила, микроелекција, итн. консултацијата со дерматолог е секогаш добра почетна точка за одредување на оптимални процедури за младешки изглед, без разлика дали станува збор за проблем со брчки или опуштање на кожата (во случај да е предоцна за превенција).


Фото: Инстаграм/ miseico

Можеби ќе ве интересира:

Како до регенерирање и обновување на кожата: Доц. д-р Анета К. Петрушевска за предностите од мезотерапијата