ВРЕМЕ Е ДА СЕ ТОПАТ МАСНИ НАСЛАГИ: Смути за рамен стомак и витка половина

Добивај вести на Viber

Иако е рано да зборуваме за летото сепак на време треба да поведете сметка за линијата. Во текот на зимата наталоживме масни наслаги и време да се спасиме од нив.

Покрај привлечната фигура , тоа е важно и за здравјето, затоа ви препорачуваме смути за рамен стомак и витка половина.

Познато е дека лицата кои избегнуваат појaдок имаат поголем обем на половината од оние кои редовно појадуваат.

За доручек може да го конзумирате и овој здрав пијалок кој ќе ве засити но и ќе ви помогне да се спасите од „салото“.

Мистер Кичен ви препорачува смути од две големи јаболки (или крушки), 200 мл млеко, 150 мл јогурт, една лажичка кокосово масло, две лажички овесни снегулки, парче свеж ѓумбир, половина лажичка цимет и прстофат сол.