Времето поминува, животот се случува

Седнала во фотелја и додека го пиела ледениот чај, ја започнала приказната за животот, бракот, одговорноста и обврските на зрелите луѓе.

Замислената мајка додека ги мешала коцките со мраз во својата чаша, ја погледнала ќерката и рекла: „Никогаш немој да ги заборавиш пријателките“.

„Како ќе старееш, тие ќе бидат се повеќе поважни. Колку и да го сакаш сопругот, колку и да ги сакаш децата, тие ќе ти бидат потребни. Сети се понекогаш да излезеш со нив, да се дружите. И запамти, твоите пријатели не се само пријателки, туку и твои сестри. На жените секогаш им се потребни жени, пишува Хајат.

Колку глупав совет, помислила ќерката.

„Зарем не се омажив? Јас сум омажена жена, возрасна! Не ми потребни пријателки! Мојот маж и моето семејство е се што ми е потребно да мојот живот има смисла“.

Но, сепак ја послушала својата мајка и продолжила да одржува контакт со пријателките.

Како што поминувале годините, почнала да сфаќа дека мајка и била во право. Како што поминува времето, пријателките стануваат најголема поддршка.

Еве што научила на своите 40 години:

-  Времето поминува

-  Животот се случува

-  Дистанцата разделува

-  Децата пораснуваат

-  Љубовта бледи

-  Среќата се намалува

-  Работата доаѓа и поминува

-  Кариерата завршува

-  Родителите умираат

-  Колегите ги забораваат услугите

-  Мажите имаат свој свет

Но, пријателките остануваат, колку и да се далеку од тебе. Пријателката никогаш нема да биде толку далеку за да биде тука кога ќе ти е потребна.