Врвен нутриционист ги откри тајните на Италијанците за вечна младост
Жените во Италија живеат со просечна возраст од 85 години и изгледаат
многу помлади од нивната возраст. Познатиот нутриционист Мануела
Мапели ги откри своите мали тајни за вечна младост.
Специјалистот тврди дека дамите живеат подолго заради нивната правилна исхрана.
Според Мапели, стареењето на телото е директно поврзано со начинот на јадење.
Телото брзо старее поради формирање на слободни радикали, супстанции кои ги оштетуваат клетките и го стимулираат нивниот процес на деградација.
И клетките можат да се чуваат млади со помош на супер храна богата со витамини, минерални соли и антиоксиданти.
Мапели советува секој кој сака да живее долго во својата исхрана почесто да додава сини и виолетови производи како модар патлиџан, грозје, смокви, боровинки и капини. Тие содржат голема количина полифеноли кои го забавуваат стареењето.
Црвените и портокалови производи - домати, моркови, пиперки, калинки, тиква, портокали и кајсии - се богати со каротеноиди кои ги штитат очите и кожата. Додека зелените производи, кивите, брокулата и магдоносот ќе му дадат на вашето тело зајакнување со витамин Ц.
Нутриционистот повикува да се потсетиме на заситените маснотии омега-3 кои се наоѓаат во рибата, во јаткастите плодови (ореви и бадеми), но, дека исто така ги има и во семињата (лен, чиа, тиква и сончоглед).
Овие супстанции се „вреден еликсир на младоста за целото тело“.
Според нутриционистот, добро е да пиете сок од грејпфрут секој ден. Оваа мешавина му обезбедува на организмот потребната количина на витамин Ц, омега-3, минерални соли и антиоксиданти.