Втор концерт на Здравко Чолиќ во Скопје
Поради големиот интерес на македонската публика, закажан е и втор концерт на Здравко Чолиќ во Скопје, на 17 ноември. Првиот, е една недела пред него, на 10 ноември, во ВИП Арената “Борис Трајковски“.
Чола во Скопје ќе го промовира актуелниот албум „Ono malo sreće“, а публиката ќе ужива и во старите хитови. Вчера, на неговиот јутјуб канал е промовиран нов спот за една од песните од албумот, „Ničeg nije bilo između nas“.
Здравко до сега неколку пати ја има наполнето ВИП Арената и Градскиот стадион, и има настапувано на многу манифестации на отворено. Рекордна посетеност имаше неговиот настап на Плоштадот Македонија во 2009 година, кога се славеше укинувањето на визниот режим кон ЕУ, а на концертот дојдоа повеќе од 100.000 луѓе. Ова е прв пат да одржи два концерти во салата „Борис Трајковски“.
Билетите се во продажба преку мрежата на www.kupikartizase.com “Пола Југотон” и“Цвеќара Розе” - Веро 2. Концертите ги организира Прагма продукција.