Втора година Златна рамка: Во фокус успехот на Македонскиот филм

Добивај вести на Viber

Второто издание на ревијата на македонски филмови -  „Златна рамка“ под мотото „Во наш филм“ ќе се одржи на 14., 15. и 16. февруари во МКЦ. На овој начин, домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските работници ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа.

„Златна рамка“ е еден вид отчет пред домашната публика, која ќе има можност  да ги погледне сите  домашни филмови од минатата година, од кои некои не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите.

„ДФРМ е пред јубилеј од 70 години постоење и за 2020 си постави предизвици, а тоа се: да се официјализира/дефинира статусот на филмските работници што е од круцијална важност за оваа индустрија, како и редефинирање на начинот на финансирање на македонските филмови. Филмската индустрија во Македонија покажа дека може, а сега на потег се институциите и секоја поддршка е добредојдена“ – изјави претседателот на Друштвото на филмски работници – Игор Иванов – „Изи“.

На второто издание на „Златна рамка“ ќе бидат прикажани 22 филма во три програмски целини (долгометражни, краткометражни и документарни филмови). За време на проекциите, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја проекција.

Во рамките на “Златна рамка”, покрај тридневната ревија на македонскиот филм од изминатата година, исто така ќе се одржат:

·  Свечено Собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија – петок, 14.02.2020

·  Промоција на брошура наречена „Прирачник за филмаџии“ чија примена е со цел да се постигне јазично стандардизирање на филмската номенклатура. – петок, 14.02.2020

·  Презентација на МЕДИА деск Македонија на тема „Како се евалуираат проектите на Медиа?“ – сабота,15.02.2020

·  Свечено доделување на почесни награди за филмските професионалци: најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник. – сабота,15.02.2020

·  Трибина во организација на „Златна рамка“ насловена „Жената во македонскиот филм“ – недела,16.02.2020

Ревијата „Златна рамка“ не е од комерцијален карактер и проекциите ќе бидат бесплатни.Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници, во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот Културен Центар.



ЗЛАТНА РАМКА 2020 – ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ

14-16 Февруари, МКЦ

14 февруари

ПЕТОК

11:30

Свечено Собрание на ДФРМ (отворен дел) – кино Фросина

12:30

Кафе пауза - кино Фросина, фоаје

12:45

Промоција на брошура „Прирачник за филмаџии“ - кино Фросина, фоаје

13:00

Собрание на ДФРМ (затворен дел)

17:00

Документарна програма - кино Фросина

„Приказна за една зграда“  63’ 

режија: Билјана Гарванлиева, Мануел Зимер 

продукција:Дрим фектори 

19:00

Документарна програма - кино Фросина

„Медена земја“ 85’

режија: Тамара Котевска , Љубомир Стефанов

продукција: Трис филмс

20:30

Документарна програма – Џебно кино

„Господа од современа“ 25’

режија: Ана Алексовска

продукција: Лист продукција

„Театарот во Скупи“ 51’

режија: Владимир Блажевски

продукција: Фокус Покус Филм

21:00

Долгометражна програма - кино Фросина

„Незаборавна пролет во заборавено село“ 119’

режија:Куштрим Бектеши

продукција: Мануфактура продукција