Втора среќа за водителката: Се породи Цеце Тодосовска
Познатата ТВ водителка Цеце Тодосовска се породи. Таа на свет го донесе второто синче.
Убавата вест на социјалните мрежи први ја споделија нејзините колеги, а таа тукушто откри дека момчето се родило на 14 мај.
Името кое му го дадоа е Симон.
„Добредојде Симон! Нашето ново поглавје како #familyoffour започна на денот на мајките, 14 мај. Поубав датум не можеше да одбереш за твоето доаѓање!“- напиша Цеце на социјалните мрежи, објавувајќи фотка на која е прикажано малото раче на новороденото бебе.
Цеце веќе е остварена во улогата на мајка, а Бодан си доби братче и другарче за цел живот.
Иако и претходно објавуваше фотографии на социјалните мрежи, Цеце вешто успеваше да сокрие дека е повторно бремена.
Инаку Цеце во претходно интервју ни раскажа за своето досегашно мајчинско искуство, и како со сопругот уживаат во секој миг поминат со синот.
Фото: Инстаграм