За 8 месеци ослабев 45 килограми, никој не верува како изгледам: Кога ме изневери почнав да се дебелеам, во карантинот сфатив дека имам 127 килогарми

„Драстично се здебелив во тинејџерските години, кога тогашниот дечко ме изневери со мојата најдобра другарка. Оттогаш, килограмите само се акумулираа.“

Вака ја започнува својата приказна Хариет Сотен (31) од Челтенхем, а нејзината трансформација ги импресионираше луѓето на социјалните мрежи.

Како што вели, нејзините оброци изгледале вака: за појадок јадела житарки, кроасани со чоколадо и палачинки со путер и џем. Одела на ручек во синџир за брза храна и нарачувала вечера. Таа воопшто не пиела вода, туку само газиран диетален пијалок.

Се обидела, вели, седум пати да ослабе, но на почетокот на карантинот поради пандемијата, во 2020-тата година, го достигнала врвот на својата тежина - 127 килограми.

- Кога непознат човек на улица ми кажа дека сум „дебела пи***“, решив дека тука е крајот и дека морам да направам нешто. Знаев и дека тоа нема да го постигнам со диети, па решив да си го подврзам желудникот – вели таа.

- Карантинот за мене беше вистински пекол бидејќи цел ден бев затворена дома, принудена да се гледам во огледало. Изгледав самоуверена, но штом некој од мојата околина ќе почнеше да шепоти или да ме гледа, ќе претпоставев дека ме озборува и мојата самодоверба се распаѓаше. Бев депресивна и разочарана од себе. Сакав да можам да носам фармерки, нозете повеќе да не ме болат, да можам да носам штикли, да се чувствувам подобро, да можам да се качувам по скали... - вели таа.

Со помош на операцијата ослабела 45 килограми за само осум месеци, а разликата е повеќе од видлива - како што вели, дури и во односот на другите кон неа.

- Порано кога излегував со другарките, само ним им приоѓаа. Мажите би ми пришле само ако изгубиле облог. Сега имам 83 килограми и цветам - вели таа.

Хариет сега е на строга диета:

- Денот го започнувам со протеински шејк, за ручек јадам сирење и сувомеснато, додека за вечера имам домашен оброк кој претежно се состои само од месо. Јадам од мала чинија и скоро никогаш не сум гладна. Пијам многу вода, одам во теретана три пати неделно и планирам да правам повеќе активности. Само ми е жал што не сум го направила ова порано, дури успеав да ја намалам и употребата на антидепресиви. Сега можам да трчам по моето дете, да носам облека што ми се допаѓа и да разменувам облека со моите пријатели - додава среќно таа.


Извор: zena.blic.rs

*Од раните растат цветови: Ивона Јо горда на телото по операцијата, ослабе повеќе од 40 килограми (ВИДЕО)