За авантуристите ова се совршени работни места
Дали ги поминувате одморите и слободните денови правејќи нешто што ви го покачува адреналинот? Ако одговорот е да, тогаш вие не сте за работа во канцеларија.
Морската биологија е науката која ги истражува животните, растенијата и микроскопскиот свет во океаните. Со зголеменото загадување на водите и климатските промени, се менува и океанскиот живот. Морските биолози ги истражуваат овие промени и се обидуваат да најдат проблем или решение. Бидејќи речиси 80% од целиот живот на планетата се наоѓа под вода, оваа професија е навистина важна. Покрај тоа, ќе ви овозможи да патувате на отворено море, да собирате примероци од терен и со часови да истражувате во лаборатории.
Дали сакате да патувате, а притоа знаете и добро да пишувате? Комбинирајте ги двете и станете патувачки писател. Ќе можете да посетувате разни држави и во живо да ги опишувате местата кои сте ги виделе. Покрај тоа, сето ова можете да го правите на сметка на некој друг. Се разбира, не очекувајте уште веднаш да почнете со платени проекти. Прво треба да го изградите вашето име и да ги објавувате приказните и фотографиите на Интернет или во некој весник. Ако немате пари за патување, почнете како турист во вашиот град.
Друга професија која ќе ви одговара е професор по англиски јазик. Можете да предавате во странство, па на овој начин и ќе патувате.