За Бајрам и за Велигден, за Шкендија и за Вардар, љубовта е закон: Нора Шаќири со емотивна порака
Водителката и новинар Нора Шаќири- Марковиќ која сега работи во Министерството за култура, на својот Фејсбук профил објави фотографија со сопругот Марко Марковиќ. „Љубовта е закон“, напиша Нора и порача дека не треба да има икакви поделби меѓу нас.
„ Ние за Барјам еве вака, за Велигден и Божиќ исто вака, за МЗТ и Работнички вака, за Шкендија вака, за Вардар вака, за Шкупи вака исто и за Милан вака, а за Аеродром и Центар ептен вака, а вие да си пцуете и да се мрзите и очи да си копате и да блуете колку поише можете“, напиша Нора.
За својот сопруг, во претходно интервју за Женски магазин, таа изјави дека се појавил во нејзиниот живот во вистинско време.
„Со Марко се запознавме во за мене најтешкиот период во мојот живот. Еден месец по смртта на мојот татко некако успеав да соберам сила и да се замешам меѓу луѓе и тогаш се појави тој. Ме прегрна, ми изрази сочувство за татко ми и ми рече дека ќе ме чува засекогаш. Не знам како, ниту пак од каде се појави, ама кога ме прегрна знаев дека Марко е тој. Кај Марко сакам буквално СЕ, и тогаш кога ме вади од такт јас бескрајно го сакам. Марко е прекрасен лик, миленик на моите пријатели, Марко го сакаат сите затоа што е навистина многу добар човек. Обожавам кога го слушам како пее поготово кога сум кај него на свирка, и кога ќе отпее нешто за мене“, рече Нора за својата љубов.