За добар изглед пресудно е да имате карактер: За стилот со Моника Коцарева
Препознатлива
е по нејзиниот елегантно-софистициран стил кој на македонската модна сцена е
веќе неколку години. Истакнатите линии кои ги додава на
секое нејзино дизајнирано парче се уникатни и со нејзин печат..
Многу познати дами ѝ се доверуваат на оваа Охриѓанка кога треба да се појават во тоалета на јавен настан или пак за некоја приватна забава и веселба.
Парчињата кои ги работи во ателјета се автентични и секогаш со трендовска елеганција и урбаност. Таа е мајка, сопруга и успешна жена која е вистински претставник на својот бренд, но и кога носи кежуал парчиња тие се искомбинирани совршено.
Во оваа прилика за Женски магазин зборуваме со дизајнерката Моника Коцарева за стилот, комбинациите кои практикува да ги носи, за брендираната облека, но и дели интересни совети за дамите поврзани со облеката.
*Дефиниција за стил?
- Јас стилот го дефинирам како начин на изразување, претставување себе си.
*А, Вие стилски се дефинирате како...
- Личност која преферира елегантно-урбан стил.
*Што е пресудно за добар стил?
- Карактер.
*Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?
- Комбинирам спортско-елегантни парчиња само доколу добро се усогласуваат.
*Минимализам, хедонизам, авангарда?
- Авангарда.
*Гламур или класика?
-Гламур (доколу не е кич)
*Омилени нешта од вашата облека?
- Ателје Коцарева фустани
*Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?
- Сакам и почитувам брендирани и дизајнерски парчиња но не ми е тоа пресудно или приоритет во животот.
* Што сакате да постигнете со вашиот стил?
- автентичност и оригиналност
* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?
-Не би рекла…
* На кој дизајнер би му дозволиле да ти го преуреди гардероберот?
-На никој. На сите ќе им најдам маана. Ни јас не сум совршена ама барем знам што сакам.
* Што облекувате денски, а што навечер?
-Денски во летен период преферирам лесни и удобни материјали (фустани, сетови…) додека навечер знам да се стегнам во некој претесен фустан или тесни фармерки.
* Дали експериметирате со косата и шминката?
-Скоро никогаш. Кога станува збор за коса и шминка I am playing it safe.
* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед .
-едноставна облека комбинирајте со впечатлив накит.
-максимум 2-3 бои употребувајте во исто време
- носете сетови (горен и долен дел од иста боја и материјал) ке изгледате модерно и не може да погрешите
- Облечете се монохроматски
- Ставете шешир/капче на едноставна комбинација за по ‘chic’ изглед.
*И еден совет на крај не следете ги секогаш трендовите, доколку не ви стојат добро, класика и безвременски изглед се секогаш ИН.
Н. Миланова