За еден ден се собраа околу 4.000 евра, а една дама анонимно донирала 10.000 евра: Миа, над 200 мали бизниси и 200 луѓе заедно за малиот Никола
Во хуманитарната акција за собирање парични средства за 9-годишниот Никола Трајковски, од Општина Центар кој боледува од Аневризма се вклучи и една од нашите најпознати инфлуенсерки Миа, која повторно докажа дека навистина има влијание врз општеството и заедно со над 200 мали бизниси и над 200 луѓе за помалку од еден ден собраа над 4.000 евра. А пак како што откри во својата објава Миа на Фејсбук една дама, која сакала да остане анонимна донирала 10.000 евра за Никола да биде добар и да оздрави што побрзо.
Потребни му се на светот повеќе луѓе како Миа, компаниите и луѓето кои се вклучиле во целиот процес на донации, а нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:
„Дечки, поместивме граници со желба за Никола да биде добар и да се опорави што побрзо! Над 200 мали бизниси донираа производи и услуги и над 200 луѓе донираа за Никола, а со тоа ги запаметија малите бизниси кои излегоа навистина големи луѓе. За 24 часа собравме околу 4000 евра.
Крајно, добив анонимна донација од 10.000 евра, дамата која втор пат во живот ми покажува дека постојат луѓе на светов и сум и неизмерно благодарна!
Мојата сила сте вие! Ви благодарам за сѐ“!
Фото: Женски магазин - архива