За енергија и убава фигура: Здрав сок од цвекло
Цвеклото е богато со железо, а токум недостатокот
на железо нè тера да бидеме уморни поголемиот дел од времето.
Заедно со јаболка и моркови, овој пијалок има
одличен ефект врз мозокот, бидејќи ја подобрува концентрацијата и меморијата и
го брише заморот од лицето. Покрај тоа, овој растителен пијалок е совршен за
сите оние кои сакаат да изгубат тежина затоа што дава максимална енергија.
За подготовка на овој здрав пијалак потребни ви се
јаболка, моркови и цвекло.
Количината на состојките одредете си ја вие самите,
па ако обожавате јаболка, ставете повеќе јаболка, ако сакате моркови додајте
повеќе моркови. Измешајте ги сите состојки во блендер и доколку е потребно
додадете ладна вода.
Пијте го наутро и ќе имате енергија во текот на целиот ден.
Извор: nobel.ba
Можеби ќе ве интересира:
За поголема енергија и успех: Пет утрински навики на успешните жени
Цитати за Добро утро: Бидете љубезни до 10 часот наутро и остатокот од денот ќе се погрижи за себе