ЗА ГРОЗОМОРНОТО ДАВЕЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА КОПИЦ ОДИ НА РОБИЈА 50 ГОДИНИ: Хрватскиот суд изрече максимална казна

Австрискиот државјанин Хералд Копиц (57) денеска пред судот во Загреб е осуден на максимална затворска казна од 50 години за убиството на неговите три малолетни деца во Загреб во септември минатата година.

Судскиот процес кој почна и заврши денеска беше затворен за јавноста поради заштита на достоинството на убиените деца и нивната мајка, хрватска државјанка.

Медиумите објавија дека Копиц се изјаснил за виновен, а за секое убиство е осуден на 27 години, што се комбинира со максимална казна од 50 години. Повеќе детали прочитајте на Фактор.мк


Фото: Инстаграм