За колку пари е продадена гитарата на Боб Дилан?

Добивај вести на Viber

Во 1965 година Боб Дилан за првпат на турнеја настапуваше со електрична гитара. Taa е продадена за скоро половина милион долари.

Инструментот на Дилан е продаден за 495.000 долари на аукција посветена на музичките икони, одржана викендот во Њујорк.

Пред продажбата, оваа гитара беше проценета на сума помеѓу 400 и 600 илјади долари.

Гитарата „фендер телекастер“, што била во сопственост на Роби Робертсон, кој редовно му ја давал на Дилан да ја користи во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, ја користеле и Ерик Клептон и Џорџ Харисон, било наведено од аукциската куќа „Џулиен“ од каде што ја организирале продажбата. 

Легендарниот инструмент го одбележа преминот на фолк-музичарите од „The times they are A-changin“ на електричен звук, во песните како „Like a Rolling Stone“.