За летен детокс: Овие намирници внесете ги во исхраната и ќе се препородите
Годишните одмори се вистинското време да се посветите на себе, на вашето тело, изгледот и здравјето.
Да живеат поздраво и изгледаат подобро - тоа е она за што сите се стремат, но многумина не се подготвени да ги усвојат здравите навики што се предуслов за тоа. Ако, пак, сакате да го промените тоа, тогаш започнете да внесувате неколку здрави намирници во вашата исхрана и многу брзо ќе ги забележите и почувствувате промените во себе .
Годишните одмори се вистинското време да се посветите на себе, на вашето тело, изгледот и здравјето.
Некои намирници консумирајте ги сами, а некои можете да ги комбинирате.
На пример, на крајот од секој оброк се препорачува една лажица мешавина од свеж ѓумбир, мед, лимон, куркума и хималајска сол, бидејќи оваа комбинација ќе ви помогне полесно да го сварите ручекот.
Ѓумбир - Познат е како чудесна храна, која е богата со витамини и минерали и ги отстранува токсините од телото.
Камена сол - Ги стимулира дигестивните сокови и вади токсини: се препорачува секое утро да се раствори зрно камена сол на јазикот и да се пие со малку млака вода.
Басмати ориз - Му помага на телото да се ослободи од токсините, а неговата слуз го обложува и го обновува стомакот.
Лимон - Тестирајте 24 -часовна детоксикација со лимон. Направете лимонада од 2 лажици сок од лимон, 3 дл млака вода, малку кајенски бибер и лажичка јаворов сируп, кои ќе ги пиете свежи наутро, десет минути пред појадок, за ужина и два часа пред спиење. За појадок тој ден, јадете нешто лесно како јогурт со овошје, ручајте риба на скара прелиена со сок од лимон и прескокнете ја вечерата.