За луксузен стан Милица Павловиќ искеширала 320 000 евра: Погледнете во нејзиниот рај (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Милица Павловиќ купила стан од 90 метри квадратни во еден од најлуксузните делови на Белград. Според медиумите, пејачката за станот платила баснословни 320.000 евра.

Пејачката купила стан од 90 квадрати во населбата Запад 65 во Нов Белград, кој чини 3.000 евра за метар квадратен. Сите пари што ги заштедила и заработила од албумот „Засекогаш“ ги вложила во луксузен имот.


- Милица отсекогаш сакала да има свој стан, но сакала постепено да ги остварува соништата. Таа е кариеристка и вложи многу во кариерата, но дојде време да размислува за покрив над главата. Бидејќи пред да стане ѕвезда на Гранд, живеела во околината на Лесковац, со години изнајмувала стан во Белград и го делела со цимери. На таквиот начин на живот сега му дојде крајот – рекол изворот и открил како „секси младата дама“ се одлучила за овој стан.


- По совет на пријател, а по разговор со архитект, Милица решила да купи стан во новоизградената населба Запад 65, каде квадрат чини 3.000 евра. Во оваа населба станови имаат многу познати личности на кои пред се им е важна безбедноста, но и добрата градба и удобност. Тоа беше доволна препорака да се насели таму и гаранција дека ќе има приватност – додаде неодамна извор за српски медиуми. Покрај тоа што самиот стан чини 270.000 евра, пејачката вложила дополнителни 50.000 евра во уредувањето на ентериерот, па дека сè ја чинело вкупно 320.000 евра.


Во станот на Милица преовладуваат кафените и беж боите, додека само трпезариските столчиња се сини. Јасно се гледа дека во овој стан се вложени многу пари, а пејачката ангажирала професионалец кој се погрижил сите детали во станот да изгледаат естетски убаво и беспрекорно. Пејачката исто така вложи многу во својата кујна, па и кујната изгледа феноменално.


FOTO: PRINTSCREEN/INSTAGRAM