ЗА МАНИКИР, ОБЛЕКА, НЕГА: Еве колку троши за себе идната вовојтка Меган Маркл
Меган Маркл се пресели во Кенсингтон палатата, а нејзиниот живот претрпе сериозни промени по свршувачката со принцот Хари.
Прво мораше да ги научи сите лекции на кралскиот бонтон, мораше да ја преиспита својата гардероба, дневен стил, шминка и секако, маникир-нема светли и темни нијанси на лакови. На дамите на кралското семејство им се дозволени само „nude“ тонови.
Кога се работи за козметиката Меган Маркл троши како и другите ѕвезди: нејзин омилен шампон за суво миење коса е Орибе и чини 46 долари. Таа користи коректор Yves Saint Laurent кој го купува по цена од 42 долари и прајмер Laura Mercier кој Меган го нанесува наместо пудра. За маникир Меган Маркл-идната војвотка оди во елитен козметички салон Nails and Brows, каде цените се движат од 30 до 80 долари.
Многу обожаватели биле изненадени од созданието колку идната принцеза троши на себе.
„Изледа дека е премногу скромна во своите желби“, велат корисници на социјалните мрежи.