За почит: Бајден клекна пред Израeлката кога слушна дека има 12 деца

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нешто невообичаено на состанокот во Белата куќа со израелскиот претседател во заминување, Рувен Ривлин: клекна пред шефицата на кабинетот на Ривлин кога слушна дека има 12 деца.

Фотографија на која американскиот претседател Бајден клечи пред израелскиот претседател Ривлин во заминување и шефицата на кабинет, Ривка Равиќ, за време на прошталната посета на Ривлин на САД, во понеделник, 28 јуни, беше објавена само пет дена подоцна на насловната страница на израелскиот весник „Jediot aronot“.

Како што се наведува, кога Ривлин ја претстави шефицата на кабинет, Ривка Равиќ пред претседателот Бајден, тој додаде дека: „Таа е многу религиозна жена и има дванаесет деца“. Бајден спонтано клекна пред неа и ѝ рече: „Тука имам слика од мајка ми, сакам да видиш која беше таа!“.

Патем, Ривка Равиќ соработуваше со претседателот Ривлин скоро 23 години. На 18-годишна возраст се омажи за синот на познат член на Кнесетот, Аврам Равиќ. Таа работи со Ривлин од 1999 година - почнувајќи од неговото претседателствување со Ликуд, потоа во кабинетот кога тој беше министер за комуникации и претседател на Кнесет, до шефица на кабинетот за време на неговиот седумгодишен мандат како претседател на Израел.

Нејзиниот сопруг е градоначалник на израелскиот град Кирит Јеарима, населен со православни Евреи.

Ривлин ќе поднесе оставка на 9 јули, кога Исак Херцог ќе положи заклетва како 11-ти претседател на Израел, а ова беше негова проштална посета на Соединетите држави.

извор:dev.24vesti.com / vesti-online.com