За прв пат Цеца одговори на прашање за нејзиното момче Богдан: Со мене сè цвета

Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се вакцинираше против вирусот ковид-19. Славната Балканска ѕвезда откри дека ја одбрала кинеската вакцина „Синофарм“.

Фолк-sвездата по приемот на првата доза одговори на неколку прашања пред медиумите и апелираше да се вакцинираат граѓаните, за да се врати животот што поскоро во нормала.

Ова беше првпат Цеца и да прокоментира нешто што е поврзано со нејзиното момче Богдан Срејовиќ пред камерата.

Со насмевка, на прашањето дали се опоравил од неодамнешниот коронавирус, таа рече:

- Да, да. Одлично e. Тој е млад, ништо не му недостасува! Сè цвета со мене!


Фото: Инстаграм/cecaraznatovic