За прв пат тримесечно новороденче преживеа во Македонија

Добивај вести на Viber

Тримесечно новороденче за прв пат преживеа во Македонија и сега тежи два килограми, соопштија од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

-Родено со само 700-тини грама во средината на петтиот месец од бременоста на неговата мајка. Ова бебе сега има 2 килограма, и тоа силно и храбро ги помина сите премрежја заедно со сестрите и докторите од интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје - раскажа педијатар Лилјана Којиќ од Клиниката за гинекологија – Скопје.

Тримесечното бебе во историјата на предвремно родените бебиња ќе биде запишано како првото преживеано новороденче, дојдено на свет во 23 недела.

Од почетокот на оваа недела момчето не е повеќе во инкубатор, дише самостојно, редовно се храни. На клиниката е 100 дена. Се уште нема добиено име.

Миленикот на скопска гинекологија за неколку дена ќе ја напушти болницата.