За прв пат во јавност откако на 71 година го доби вториот син: Ричард Гир насмевнат покрај 34 години помладата Шпанка

Ричард Гир со сопругата Алехандра Силва се појавија на хуманитарна гала во Њујорк. Сите погледи беа вперени во убавата Шпанка

Познатиот заводник Ричард Гир (72) првпат се појави во јавноста со 34 години помладата сопруга Алехандра Силва, откако тајно добија уште едно дете.

Секогаш елегантен, Ричард гордо позираше покрај атрактивната Шпанка која блескаше во темно син фустан и впечатливи обетки со реси. 

Да потсетиме, Ричард во 2020 година стана татко по втор пат. Неговата сопруга Алехандра Силва (39) роди машко дете, а породувањето беше извршено во тајност. Ова е нивниот втор син - првиот Александар, го добија во февруари 2018 година.

Инаку, Ричард од претходниот брак со Кери Ловел има 20-годишен син Хомер, додека Алехандра го има 7-годишниот Алберт.

Алехандра е од Шпанија, а е активист и публицист. Таа се разведе од сопругот Говинд Фридленд во 2015 година, а непосредно пред разводот стапи во врска со Гир.


Фото: Профимедиа