За Раковите пари, за Рибите лошо здравје: Хороскоп за август

Овен

Твојот љубовен и друштвен живот овој месец ќе процветаат. Би можел да добиеш посебни признанија, бидејќи твојата креативност ќе биде на високо ниво. Но, важното прашање кое ќе ти се мота низ глава е поврзано со пријателството со една личност. Ќе мора да се одлучиш дали ќе и дадеш уште една шанса или ќе ги прекинеш сите односи. Изгледа дека тебе август ќе ти биде малку напнат месец.

Бик

На вас семејството ви е на прво место, па поради тоа цел месец ќе го поминувате времето со нив. Ќе одите заедно на одмор, ќе ја преуредувате куќата и ќе дозволите да се изгубите во омиленото хоби. Некои од вас би можеле да ги откачат и пријателите за да може да се посветат на она што го сакаат.

Близнаци

Близнаци, на вас август ќе ви биде најдобриот месец оваа година. Но, ќе бидете малку во облаци цел месец. Кон крајот на месецот ќе се спуштите на земја и ќе размислувате за некои работи кои треба да ги решите.

Рак

Овој месец ќе ти донесе финансиско олеснување. Постои голема можност да ти се зголеми џепарлакот, веројатно ќе добиеш многу повеќе од тоа што очекуваш. Дојде ред твоето знаење и упорност да го увидат и твоите родители.

Лав

Изгледа дека овој месец ќе ги остварите долго посакуваните соништа. Сега е време да ризикуваш и да го направиш првиот чекор кон промените. Успешно ќе ти биде и љубовното поле. Овој месец ќе ти носи само успеси и среќа.

Девица

Во август се ќе се врти околу тебе, ќе бидеш во центарот на вниманието. Конечно ќе сфатиш што е добро за тебе, а што не. Единствено што мора е да продолжиш понатаму и да заборавиш на минатото.

Вага

Ве очекуваат нови и интересни познантства. Би можеле да се впуштите и во некоја нова романса или пак да прекинете стара. Така функционираат работите кај вас, нема средина.

Скорпија

Скорпија како Скорпија - новиот месец повторно ќе шармира. Ќе бидете толку енергични што ни самите нема да знаете од каде ви доаѓа таа енергија. И да, некаде во близина ве очекува некоја посебна личност, подгответе се. Многу брзо ќе ја запознаете.

Стрелец

По емоционалните падови кои ги поминавте, сега како феникс ќе станете и ќе ја преземете контролата над својот живот. Ќе се впуштите и во нови авантури и ќе побегнете од својата сигурна зона. Овој месец за вас е месец на возбудувања.

Јарец 

Во август Јарците ќе бидат како магнети. Ќе ги привлекувате луѓето кон себе, а со некој кој веќе го познавате ќе започнете врска. Луѓето напросто нема да може да ви оддолеат.

Водолија

Вие ќе запознавате луѓе кои би можеле да ви отворат некоја нова врата. Парите нема да ви бидат важни, па колку ви даваат родителите толку и ќе трошите. За брзо ќе дојде септември и новата училишна година, па затоа уживајте додека можете.

Риби

Овој месец здравјето ќе ви биде многу важно. Ќе посветите многу време на душевен и телесен одмор. Ова ќе биде месец само за вас.

Извор: joomboss.24sata.hr