За силен имунитет: Консумирајте ја оваа храна редовно

Добивај вести на Viber

Редовното консумирање овошје и зеленчук го зајакнува имунолошкиот систем


За време на пандемија, важно е да се обидете да го задржите вашиот имунолошки систем силен. Здравиот и функционален имунолошки систем е од суштинско значење за борба против вирусна инфекција.

Витаминот Ц е од витално значење за имунолошкиот систем. Тој е моќен антиоксиданс кој не само што ја зајакнува имунолошката одбрана, туку се бори против слободното радикално оштетување на клетките кои предизвикуваат стареење и создаваат услови за развој на воспаление и рак.

Витаминот Ц се наоѓа во многу големи количини кај некои прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот.



Јагоди

Јагодите се прекрасно овошје за силен имунитет.

Една чаша јагоди содржи околу 100 мг витамин Ц, како и многу малку јаглени хидрати и многу антиоксиданти.


Брокула


Брокулата содржи околу 80 мг витамин Ц во една чаша.

Брокулата е со многу малку калории и многу богата со растителни влакна.


Грејпфрут

Грејпфрут, како и сите јужни овошја, содржи и огромни количини на витамин Ц.

Една чаша содржи околу 90 мг витамин Ц, како и малку калории, што го прави одличен за диети.


Карфиол

Карфиол содржи приближно 130 мг витамин Ц.

Карфиолот е исто така богат извор на растителни влакна.


Портокали

Портокалите се најпознатите извори на витамин Ц. Чаша портокали содржи околу 70 мг есенцијален витамин за имунитет.

Тие исто така содржат корисни флавоноиди кои го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и разни срцеви заболувања.


Прокељ

Прокељот е екстремно богат со витамин Ц.

Една порција прокељ обезбедува 75 мг витамин Ц, кој го поддржува имунитетот и ја стимулира мозочната активност.


Зелени пиперки

Зелените пиперки се прекрасни извори на витамин Ц.

Чаша свежи зелени пиперки содржи околу 120 мг витамин Ц.


Ананас

Чаша свеж ананас содржи околу 80 мг витамин Ц.

Ананасот е исто така прекрасен извор на манган, што е исто така важен за имунолошкиот систем.


 Зошто јаткастите плодови се важни за имунолошкиот систем?