ЕПП // ЕПП
ЗА СИТЕ ЖЕНИ ПО ПОВОД 8-МИ МАРТ: Специјално изненадување од Силк Роуд Банка
По повод претстојниот празник на жената 8-ми март, Силк Роуд Банка подготви специјално еднодневно изненадување за сите жени кои поседуваат American Express картичка.
Имено, со секоја трансакција направена на празникот (08.03.2020 година) со било која American Express картичка, корисниците добиваат 5% загарантиран поврат на средства. Единствениот услов за добивање на загарантираниот поврат на средства е носителот на картичката со која е направена трансакцијата да е женско лице.
Повратот на средства од 5% е загарантиран и важи исклучиво за направени трансакции со American Express картички кај трговци кои не се вклучени во Твој бонус програмата.
Силк Роуд Банка АД Скопје на сите жени им го честита претстојниот празник.