За стилот со Елена Вeлевска: Со мојот стил сакам да им бидам пример на идните генерации
За себе вели дека повеќе ја интересира брендирана облека, но не ги исклучува и другите интересни парчиња
Познатата фолк пејачка Елена Велевска за „Женски магазин“ открива дел од својот гардеробер.
Кои се нејзините омилени парчиња облека и што за неа значи стилот, откријте во продолжение.
* Дефиниција за стил?
- Стилот е начин на изразување или начин на живеење.
* А, Вие стилски се дефинирате како...
- Професионално како дама, приватно како мајка.
* Што е пресудно за добар стил?
- Да бидете уникатни.
Фото: Bad Stef/ Соколовски Стефан
* Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?
- По малку од двете.
* Минимализам, хедонизам, авангарда?
- Авангарда.
* Гламур или класика?
- Гламур.
* Омилени нешта од вашата облека?
- Вечерните фустани.
* Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?
- Брендирана ме интересира повеќе, но не ги исклучувам и другите интересни парчиња.
* Што сакате да постигнете со вашиот стил?
- Да им бидам пример на идните генерации.
* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?
- Секако, но ние треба да знаеме да се носиме и со тоа.
Фото: Bad Stef/ Соколовски Стефан
* На кој дизајнер би му дозволиле да ви го преуреди гардероберот?
- На Долче и Габана.
* Што облекувате денски, а што навечер?
- Преку ден се облекувам кежуал, а навечер елегантно.
* Дали експериметирате со косата и шминката?
- Секогаш, обожувам промени.
* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед.
- Секогаш нека ве мотивира пригодата за да се средите.
*Д.К.И.