„За жал, се потврди најлошото“: Легендарниот југословенски пејач води битка со рак на коските

Добивај вести на Viber

Тешка болест ја погоди поп-ѕвездата...

Јасмин Ставрос, хрватскиот пејач кој беше голема ѕвезда во Југославија, на 68-годишна возраст дознал дека има рак на коските.

„За жал, најлошото е потврдено. Им верувам на лекарите, знам дека го прават само најдоброто за мене и се молам на Бога да престанат овие страшни болки. Не знам ни колку лекови против болки пијам, некои помагаат, некои не, а имам впечаток дека болката е постојано присутна. Не можам да спијам бидејќи ме боли грбот, а со болката сум свесен и дека започна најтешката и најголемата борба во мојот живот“, изјавил пејачот, пренесува „24сата.хр“.

Тој пред неколку недели имал чир на желудникот, па бил хоспитализиран во Карловац. Откако му бил санирана, тој бил пуштен дома, но болките продолжиле, па бил префрлен во болница во Загреб каде му бил дијагностициран рак на коските.

„Уморен сум, ме болат рацете, нозете, рамената“, изјавил во саботата Ставрос, кој за дијагнозата дознал во понеделникот.

Да потсетиме, Јасмин Ставрос испеа многу поп хитови: „Da mi je sto Amerika“, „Samo majka zna“, „Ženo“, „Maro Marice“, „Nemoj se udavat'“…