ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ ЗАЕДНО: Листа од нешта кои може да ги правите со партнерот оваа пролет!

Прославете го вашиот брак или врска и забавувајте се на безброј начини кои не бараат пари, туку само вашето време и добро расположение.

Понекогаш, кога само сакате да бидете со вашиот партнер, не е лесно да се пронајде активност која не бара пари или помош од технологијата (во ова не го сметаме сексот). Кога сакате добро да се забавувате, како во старите добри времиња, доволно е да направите неколку или само една работа од нашата листа предлози која ќе ви го поправи расположението и ќе ви докаже дека мажот за кој сте омажени едноставно е создаден за вас.

Уживајте и пронајдете ја омилената игра!

-Читајте ја вашата омилена или нова книга еден на друг, наместо да гледате телевизија пред спиење,

-Почнете да пишувате заеднички дневен или неделен дневник, кој ќе може да го прочитате и по 10,20,30 години.

-Танцувајте во дневната соба,

-Загрејте ја собата и направете си мини спа

-Излезете надвор и возете велосипеди

-Направете филмска вечер само за вас двајца - еден филм бирате вие, еден партнерот

-Излезете во долга прошетка и истражете ги краевите на вашиот град во кои никогаш не сте биле,

-Испланирајте го денот на возење: одете некаде далеку, правете паузи, и уживајте во предели низ кои ќе се возите.


-Одвојте време за долго заедничко капење или наполнете ја кадата за подобро чувство.

-Направете пикник

-Одете во утринска прошетка или на трчање

-Посетете заедно изложба и коментирајте ги делата

-Заеднички подгответе го домот во кој живеете и спасете се од насобраните работи кои не ви се потребни

-Организирајте кулинарско шоу меѓу себе - додека еден готви, другиот ужива

-Излезете надвор и играјте кошарка

-Станете туристи на еден ден во сопствениот град

-Медитирајте

-Пробајте јога

-Направете голема листа желби


-Почнете со планирање на следното големо патување

-Заедно обојте и украсете ги Велигденските јајца

-Погледнете стари фотографии

-Имајте секс некаде каде досега не сте - во кола или во кујна