Заедно до крај: Брачен пар пронајден прегрнат под урнатите во Јабланица – „Љубовта на Ирмела и Јасмин беше за пример“
„Тешко е да се опише тагата што ја чувствуваме“, изјави близок пријател на починатиот пар.
Брачна двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ беа пронајдени прегрнати под урнатините на разорните одрони и поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина. Имено, сопружниците живееле во Доња Јабланица и не успеале да побегнат од поројот кој за една ноќ го зафатил целото маало. Заедницата во која живееле со тешко срце се простува од младиот пар. Сите ги опишаа како луѓе кои секогаш помагале и биле тука за другите, а нивната љубов за многумина била инспирација, пренесува Аваз.
Нивната смрт ги погоди локалното население и цела Босна и Херцеговина.
„Тешко е да се опише тагата што ја чувствуваме. Ирмела и Јасмин беа неразделни, нивната љубов на сите им беше позната, а можеби единствената утеха во овие моменти е што беа заедно до крај", изјави близок пријател на починатата двојка.
Имено, бројот на жртвите во Јабланица продолжува да расте. Спасувачките екипи пронајдоа уште две загинати лица, со што вкупниот број на локални жители кои загинаа таму во катастрофалните поплави се искачи на 15.
Првата од пронајдените жртви беше погребана во неделата во Фојница, а тоа беше локалниот жител Ратко Ороз (50), кој загина во петокот кога воден порој излетал од патот и го потопил автомобилот во кој се наоѓал.
Фото: ФејсбукИзвор: Vecernji.hr